mai 21, 2025

РОМА ЊУС МК

Не може секогаш да се согласуваме со нив, понекогаш мора да бидеме против.

Еден ден и ние ке ви вртиме грб како вие на нас

Ромскиот електорат ќе дојде време кога на владеачките партии ќе им сврти грб, затоа што се уморни од лажни ветувања пред избори и за време на нивното владеење.

Во сите држави во регионот пописот на населението беше манипулирани со лажни податоци за бројот на ромската заедница, во Северна Македонија, Србија, Бугарија, Романија, Чешка, Словачка итн. А во нивните политички изјави секогаш како проблем го наведуваат наталитетот дека Ромите имаат најмногу деца па затоа се во таква социјална состојба.

Факт е дека ромската заедница во регионот е само корисна кога има избори, затоа што секој еден избирачки глас за вас е бонус.

Но едно се заборава дека секоја држава прима финансиски средства за инклузија во системот на Ромите, но како одговор од владите е секогаш « Ромите не сакаат да се интегрираат » да бе Ромите не сакаат, дајте им можност и услови па ке видите и самите кој е ромскиот потенцијал и за вашите држави.

Него вие повеке почит им правите на другите заедници кој прават неред и секогаш сте под ултиматум, а ромската заедница ја сметате за мирна.

Мирна е заедницата, никогаш нема направено било каков конфликт, оти можеби се по итри затоа што наскоро ке ви го свртат грбот.

Ке ви го свртат грбот за неколку години кога нема да излезат на избори, оти разбраа дека ветувате а не остварувате и не давате услови за подобар живот, тогаш ке ја разберете тежината на ромскиот електорат, а па и можно сценарио « што ако ромските гласови коалицираат со другите етнички партии, па тогаш мнозинството да го имаат тие партии »

Имате уште време, затоа што ромската заедница има стрпение, но до кога ке бидат стрпливи?

ТРЕБА ЛИ РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА ДА ВИ СВРТИ ГРБ ЗА ДА РАЗБЕРЕТЕ?!