
Во вчерашната емисија FACE TO FACE во порталот ROMA NEWS PARIS
Новинар:Господите Ферки Демировски добре дојдовте во нашата емисија
Ферки: добро ве најдов.
Новинар: Ферки мора да кажеме дека официјално си сопственикот на поранешниот европа пазар кое беше сопственик Асан Ферат сега идеата е да се направи еден MALL. Прво би сакале да не информирате што може да се очекува на тоа место?
Ферки: прво би сакал да ви се заблагодарам што ни дадовте можност да расчистиме некои дилеми кои се меѓу луѓето. Многу се мислив да ли да излезам, дали има потреба да не разберат погрешно но мислам дека има потреба да расчистиме некои работи. До Рамазан Бајрам нашите граѓани на Шуто Оризари немале можно да видат што се гради на тоа место што се договоривме за пазарот за старите лимени тезги да останат да работат до Бајрам. И сега како што помина Бајрам почнавме ги ди извадиме тезгите што остана. Се носи повеќе песок да може да обнови местото и завчера го рушевме последниот ѕид каде што ја затвара комуникацијата на помеѓу пазарот и центарот што ние мислевме дека е тоа една препрека и дека не ни требат ѕидови мора да си го отвориме нашето гледиште и нашето место и нашата инвестиција понатаму да биде по отворена за нашите граѓани. Сега нашите граѓани можат да видат за каква голема инвестиција се работи тоа 5200 квадрати место кое кога ќе се изгради ќе биде една голема гордост за нашите граѓани во Шуто Оризари и сите од надвор кога ќе дојдат во Шутка ќе кажуват дека тука нешто почнува да биде добро. Сликите и 3D инсерти што се објавени на мојот профил веќе голем број се споделени од мојот профил но како што ќе дојде да добие форма овие денови што ќе доаѓат граѓаните ќе разбират дека тоа што се прави е една сериозна инвестиција и нешто убаво. Мене мие криво што ова инвестиција зема една политичка конотација и тоа главната причина што прифатив да бидам дел од вашата емисија. Луѓето што ме знаат, ме знаат дека ова е чисто бизнис зделка јас не сум политичар немам никакви планови да бидам во политиката ова инвестиција не ни хуманитарна, невладина организација или било што, тоа е чиста инвестиција која од човек сака да работи ако јас заработувам ќе заработуват и нашите 150 пазарџии фамилии после тоа и сите луѓе што се околу MALL-ОТ ќе си ја дигнат вредноста на вашиот имот сите граѓани што живеат сега кога ќе ја изградиме ова инвестиција нивните куќи ќе вредат повеќе. Плоштадот ќе биде многу по добар инвестицијата има индиректен корист за сите граѓани што живеат во Шуто Оризари. И затоа сакам да видат граѓаните дека тоа не е некоја хуманитарна помош ние да помагаме на некој. НЕ ние ја дигаме Шутка заедно да идеме напрет во некој економски интерес. Политичарите сите можам да кажам дека сакале да ја извадат од контекст ова инвестиција зборуват дека ќе се руши плоштадот ќе се гради дека има некоја маркица децидно велам дека нашиот проект не гради ништо во плоштадот. Нашиот проект овозможува плоштадот да функционира. Се видов со Курто Дудуш (градоначалник на Шуто Оризари). Он почува да гради една голема фонтана на плоштадот што мислам дека ќе биде многу добро ќе се уреди и плоштадот уште многу подобро ќе ги тргнат тие стари бекатонки ќе се стават по соодветни што индиректен сигнал што ова инвестиција ја турка и општината да се мобилизира по добро
Новинар: Господине. Ферки, за да можат да разбират нашите граѓани. Вие сега сте сопственик на парцелите на поранешниот пазар и си земал некои нови парцели што не се во сопственост на Асан Ферат??
Ферки: све што беше на сопственост на од Ферат од него 5200 квадрати тоа е сега сопствено во нашата фирма и ние на градиме објекти само во нашата приватна парцела нема да се опфаќа плоштадот нема да се користат никакви маркици што се спомнати плоштадот како што е до ѕидот се поместува 16 метри во нашата парцела и пазарот е 150 метри тоа една голема површина што ќе се зголеми плоштадот и пазарот во плоштадот што имар тезги, ние како фирма отстапуваме поголем простор ние ако имаме интерес за местото ама ние нема да го земеме местото затоа тој ѕид не ни треба, тој ѕид беше граница помеѓу приватното и плоштадот и ние сега го тргнавме тој ѕид и велиме тоа местото на граѓаните и ние тоа место што го правиме им да го даваме на граѓаните да го користат да има еден добар центар и граѓаните да излезат да шетат на убаво. Но тоа нашето приватно место го отстапуваме за сите граѓани и дан нема заблуда дека ќе земем нешто што не е наше ние нашето го даваме за сите. Рече Демировски
Ферки: дави објаснам таму кај што има маркици тоа не значи дека ќе се гради се донесува дуп ние во Шутка имаме маркици за згради за катни гаражи кај што е поштата има голема маркица за катна гаража кој ќе гради тоа таму може да има нацртано кога се направи дуп ама на овој момент никој ни дозволува нит препорачува дека некој да гради тоа. Ние како фирма кај што е нашата маркица имаме да градиме тоа простор да градиме во тоа место тоа е полу вистина дека има маркица и дека мора да се гради маркицата може да постои ама некој не ја зема никој не го купи тоа место рече Демировски.
Новинар: Дали некој намерно прави некоја политички страв?
Ферки: ма мислам дека тоа е пола вистина за да се користат политички поени и нашиот народ најдобро знае каква е ситуацијата ме не мие жал што користат и сиромашните граѓани а немат потреба немаме избори нема некој кампањи нема потреба да ги стават граѓаните помеѓу вас
Новинар: знаме дека не си политички обоен ти си пријател со секој и немаш намера да бидеш во политиката.
Ферки: тоа мене мие гордост и задоволство да бидам добар со секој ромски политичар и што не ме гледат како политичка како закана јас сакам нишите Роми да имат унапредување.
Новинар: да расчистиме со плоштадот колку време ќе треба да се расчисти и тие пазарџии што беа на плоштад додека ти го градиш MALL-ОТ тие да се вратат на своите места?
Ферки: се видов скоро 50 граѓани што продават таму. Им дадовме информации дека имаме тешка механизација која што работи на местото и во плоштадот им објаснивме да не се деси некоја несреќа повреда нема богатство после да се покрие некој човечки живот и затоа реков на нас како -фирма ќе ни треба 2 недели максимум да расчистиме со големиот шут железо лимари багерски работи после градоначалникот почнува да ја изгради фонтаната и ќе се врати пак плоштадот во некој по убава ситуација ние ќе продолжиме со полесни градежни работи нема да има багери нема да има големи машини ќе стигнат помали материјали тогаш мислам во соработка на општината тие ќе се организират дали ќе се вратат или нема да се вратат во плоштадот ове сега што е тоа е од безбедносни причини направено и да се обезбеди и можност да се реновира плоштадот да се користи ситуација за да не се затвори два пати и ние да користиме да не направи некој јас мислам дека до 2 недели да се расчисти тој простор и тие што имат интерес но велам дека тоа е општински прашање да се регулира да се вратат на своите места.
Новинар: може да се надеваме дека за две недели ќе се регулира. Една порака до тие граѓани што продават на плоштад што не праќа никаква баждарина на тоа место Ферки ви дава збор од неговата страна дека со неговите градежни работи ќе расчисти за што е прекинато за сигурносни работи на тие граѓани нормализација се чека да биде за две недели. Имам само уште две прашања. Кога во проекцијата ќе се направи отварање за AMARO MALL?
ФЕРКИ: Тој проект кога го направивме веќе се произведува тоа е модуларен проект фирмите што работат за под изградба веќе работат на своите плацови и нашиот таркет да биде завршено за две месеци и кога ќе се завршат овие работи ќе се бетонира и постепено ќе се донесат дуќаните и после тоа само ќе се наместни електриката вода и прозори на дуќаните и се надеваме дека ќе тече како што планиравме. И се надеваме за отварање за две месеци или поточно до Јули. Тоа е нашиот таргет не сакаме да ги држиме многу без работа граѓаните кој си земале дуќани во МОЛОТ и тоа нашиот таргет што мора да постигнеме.
Новинар: уште колку дуќани има во MALL-ОТ за давање?
Ферки: таа ситуација ја води Мифтар тоа треба него да го прашате знаете дека во секој бизнис има менаџер кој го води тоа. Може да контактирате кај него дали има или нема дуќани но мислам дека остана уште неколу.
Новинар: последно прашање. Што може да очекуваме како инвестиции во Шуто Оризари?
Ферки: мене мие мило во последно време што се исклучува таа тема дека во Шутка неможе да се гради и да иде напрет. Се прават многу инвестиции што ќе дават многу поголемо мотив и други инвеститори да инвестират во општината како зградата во амбулантата, на зелениот пазар во Шутка ќе се направи станбена зграда со катна гаража AMARO MALL ќе се комплетира. Праќам една мотивирачка порака ка сите наши луѓе што имат капитал ова моментот кога може да се инвестира во Шутка за да може да покажеме дека имаме бизнис интерес после тоа да не ни дојде криво кога ќе дојде некој и ќе инвестира некој друг тоа е чисто економија ќе се стави на продажба ќе дојде некој ќе купи ќе гради, ова е момент кој треба да си помагаме едена на друг и даја донесеме шутка на едно ниво која заслужува.
Новинар: уште едно прашање. Да бидеш успешен политичар дали треба да бидеш во политиката
Ферки: НЕ политиката и бизнисот не идат заедно секогаш го кажувам тоа бизнисмен има секогаш потреба добри луѓе дали ќе бидат политичари дали пријатели мора даги отвара сите врати ако биде во политика тогаш затвара врата на други луѓе а бизнисменот треба да биде добар човек. и мене мие мило и уште ова да спомнам сите дуќани што се издадени се издадени на роми имаме интересни концепти за големи елитни ресторани локали, банки, маркети да има све да немаме потреба да излеземе да надвор од нашата општина. Една порака до граѓаните да не паднат на тие политички работи тоа им е работа ,нашата работа ќе иде на добро
Новинар: Господине Ферки ви благодарам што одвоивте време за ова емисија што дадовме одговори на тоа се загрижени граѓаните исто и на политичарите почнува.
Ферки: ви благодарам и на вас една порака до граѓаните да не паднат на тие политички провокации тоа им е работа да не бидат во конфликт помеѓу себе се ќе биде на добро како што ќе се развие проектот ќе видат дека се е на добро.
Повеќе артикли
Зошто на Европа и требаат Ромите за да ја водат нејзината економија
Зимски енергетски итен случај „прашање за живот и смрт“ за Ромите во Европа
Економија: еврозоната бележи историски раст од 5,2% во 2021 година