
Kако Адвокат на порталот Roma News Paris, ќе го почекаме Шабан Салиу да покрене како што наведе јавно на овој портал граѓански и кривични постапки против соптвеникот на овој портал Андријано Џеладин и порталот како правно лице во следниот период. Како помлад колега, на постариот колега Шабан Салиу, го советувам убаво да ја помине правната материја која ја третира граѓанската одговорност за клевета и навреда. Доколку Шабан Салиу не поднесе предлог за кривична одговорност (како што наведе), граѓанска постапка (како што наведе), ние од RomaNews Paris, излагањето на Шабан Салиу ќе го сметаме само заплашување на Ромскиот медиум, вршење на притисок врз слободата на говорот! Од другата страна, за сите навреди и клевети како на лична основа така и на професионала основа, ќе поведеме граѓанска постапка за утврдување на граѓанска одговорност за клевета и за навреда, каде пред се, се разбира прво ќе пробаме да ја ублажиме штетата, со што ќе побараме извинување. Па ако најде склодност, правна логика а како што самиот наведе е човек може и ќе се извини и ова ќе го затвориме.
За RomaNews Paris, Адвокат Полномошник Срџан Амет
Повеќе артикли
Фондацијата Роми за Европа обезбедува 15.000 евра хуманитарна помош за раселени семејства во квартот Захарна Фабрика во Софија
Отсуство на Ромите во Агендата за Реформи 2024-2027 во Северна Македонија: Проблем или случајност?
На Македонија не ѝ треба ресет, туку целосна (пре)инсталација – корупцијата убива!