mai 22, 2025

РОМА ЊУС МК

Не може секогаш да се согласуваме со нив, понекогаш мора да бидеме против.

Украина: Русија бара сојузници во Советот за безбедност на Обединетите нации

Советот за безбедност на ОН заседава вo понеделник за да разговара, на барање на САД, за украинската криза. Русија го продолжува дипломатскиот судир со Вашингтон.

Tелефонски разговор треба да имаат шефовите на руската и американската дипломатија. ЗДенеска, вторник [01.02.22] телефонски разговор треба да имаат шефовите на руската и американската дипломатија. Западњаците и се закануваат на Москва со нови санкции: тие се плашат од инвазија на Украина од страна на руските трупи, план што го негираше Кремљ, кој сепак изврши силно воено распоредување на границата со Украина.

Американски барања

Но, САД беа тие што повикаа на состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации. Тонот вчера [30.01.22] го даде Линда Томас Гринфилд, американскиот амбасадор во ОН. Во интервју за ABC, дипломатот рече: „Русија не може да го спречи Советот за безбедност да одржи состанок. Тие сигурно ќе се обидат да го сторат тоа. […] Но, Советот за безбедност е обединет. Нашите гласови се обединети да побараат од Русите да објаснат самите себе“.

Потребни се објаснувања за распоредувањето на 100.000 руски војници долж украинската граница и за големите воени вежби кои се во тек или планираат во областа, на копно и на море.

Се разгледуваат санкции против Русија
Ако Кремљ го оглуви увото, Обединетото Кралство и Соединетите држави размислуваат да преземат нови економски санкции, со спречување на работата на гасоводот Северен тек 2 меѓу Русија и Германија, да се свртат кон партнерство со земјите од Заливот и да им забранат на Русите од тргувањето во долари на меѓународните пазари.

Русија бара Западот да и даде невозможни „гаранции“: Украина никогаш да не биде членка на НАТО и крај на воените активности на Атлантската алијанса во Источна Европа.

Зад Украина несомнено се кријат други прашања, дипломатски и геостратешки, за Русија, која има намера да ги прекрои картите во своја полза на меѓународната сцена, на штета на западњаците.

Затоа, Москва треба да ги зголеми напорите да добие поддршка. Кина минатата недела се собра зад својата позиција за Украина.

Во рамките на Советот за безбедност на ОН, Русија ќе се обиде да се потпре на непостојаните членки, особено на африканските држави Габон и Гана.

Во Гана, Русија, според истрагата на CNN од 2020 година, веќе има формирано фабрики за тролови за да ги оцрни Соединетите држави на социјалните мрежи, на пример под хаштагот @africamustawake.

Што се однесува до Габон, тој потпиша договори за соработка со Русија за време на форумот во Санкт Петербург минатата година. Во тек е „Деловен совет Русија-Габон“. Националната агенција за промоција на инвестиции има намера да привлече руски инвеститори, особено во инфраструктурата и рударскиот сектор… како ЦАР и Мали пред него.