
Апелациониот суд донесе одлука за ослободување на Шабан Салиу, поранешниот притворен министер без ресор, кој беше еден од осомничените во случајот со трагичниот пожар во Кочани. Како што изјави неговиот адвокат Шенај Османов за Roma News, судот оценил дека „нема сомнение“ за негова понатамошна инволвираност во истрагата која ја води Обвинителството.
Судот оценил дека нема услови за продолжување на притворот, но на Салиу му се изречени мерки на претпазливост, вклучувајќи:
- одземање на патната исправа,
- редовно јавување кај надлежните органи,
„Апелација јасно утврди дека нема основ за продолжување на мерката притвор. Му е одземен пасошот, и има обврска секој понеделник да се јавува во Основниот суд во Кочани,“ изјави Османов.
Шенај Османов Адвокат
Салиу од утре се враќа на своето работно место како министер без ресор во Владата на Република Северна Македонија, што дополнително ги подгрева реакциите во јавноста.
Иако Обвинителството сè уште не се изјасни дали ќе поднесе жалба на одлуката на Апелација, извори блиски до истрагата потврдуваат дека дел од доказите се во завршна фаза на обработка.
Потсетување: трагедијата во Кочани се случи на 16 март 2025 година, кога пожар во еден индустриски објект однесе неколку човечки животи и предизвика огромна материјална штета. Истрагата досега опфати 23 лица.
Roma News останува на терен и ќе продолжи со навремено известување за сите развои поврзани со овој сензитивен случај.
Повеќе артикли
REF ги зајакнува мрежите на дипломци и педагози во Албанија и Косово
Министерот Панчe Тошковски нема време за ромските прашања
Бујар Османи отвара општинска народна кујна во Топана во соработка со хуманитарните организации