Ромите – најголемите жртви на непотизмот и политичкото користољубие
Во Македонија, системот на непотизам и корупција ги погодува сите граѓани, но најголеми жртви се Ромите. Додека политичките елити ги полнат државните институции со свои роднини, обичните луѓе – особено младите Роми – се соочуваат со затворени врати, без можност за напредок.
Ромите – искористени, но секогаш заборавени
Политичките партии често ги користат Ромите како гласачка машинерија. Пред избори, им ветуваат подобар живот, вработувања, подобро образование и пристап до здравствена заштита. Но, откако ќе се дограбат до власта, сите тие ветувања исчезнуваат. Наместо да се создаваат реални можности за интеграција, системот функционира така што неколку поединци од ромската заедница добиваат привилегии – но само ако се политички послушни.
Примерот со Неждет Мустафа, кој според извештаите, синот работи во Министерството за внатрешни работи и ќерката во Министерството за земјоделство и како советничка во Општина Шуто Оризари, е класичен доказ за ова. Наместо да се залага за подобар живот на сите Роми, тој дали ги искористил своите функции за лични интереси ?
Во меѓувреме, обичните Роми остануваат надвор од системот:
- Над 85% од Ромите се невработени или работат на нископлатени, несигурни работни места.
- Ромските деца имаат ограничен пристап до квалитетно образование, а многу од нив се принудени да го напуштат училиштето поради сиромаштија.
- Дискриминацијата во институциите е широко распространета – дури и оние Роми што имаат високо образование ретко добиваат прилика за вработување.
Клановите профитираат, народот страда
Министерот Шабан Салиу е само еден од многуте примери за тоа како политичките елити ги користат институциите за лично богатење, додека вистинските проблеми на граѓаните остануваат нерешени. Според податоците:
- Мирдита Салиу (сопруга) – Градски советник (3 мандати) и раководно лице во Министерството за труд и социјална политика.
- Кашмир Салиу (внук) – Заменик-директор на Дирекцијата за заштита и спасување.
- Ајдоган Демири (внук) – Советник на премиерот.
- Џејлан Селмани (внука) – Вработена во Владата.
- Јонус Салиу (брат) – Вработен во Министерството за правда.
- Бесир Салиу (братучед) – Дел од Генералниот секретаријат на Владата.
- Семра Етеми (сестра) – Вработена во Владата.
Дали ССалиу оргирал за овие вработувања?
Додека овие луѓе уживаат во удобни позиции, обичниот Ром се соочува со затворени врати на секој чекор. Системот е дизајниран така што само „избраните“ имаат пристап до државните ресурси, додека мнозинството останува заборавено.
Што треба да се направи?
Вистинска контрола на вработувањата во државните институции – секое сомнително вработување поврзано со непотизам мора да биде испитано.
Санкции за политичарите што ја злоупотребуваат ромската заедница – нема повеќе лажни ветувања, секој што ќе биде фатен во злоупотреба на функција треба да одговара.
Исто така, се истражуваат и вработувањата во општина Шуто Оризари, дали и градоначалникот Курто Дудуш си ја вработи фамилијата и ги плаќа од општинскиот буџет?
Ромите заслужуваат повеќе
Ромите не се граѓани од втор ред. Тие се дел од оваа земја и заслужуваат еднаква шанса за успех. Доста беше политички игри, доста беше непотизам и корупција. Време е за систем што ќе работи за сите, а не само за малкумина избрани.
Ако не се преземат мерки, ќе продолжиме да живееме во држава каде што богатите политичари ќе си ги местат фамилиите во високи позиции, а Ромите ќе останат во сенка, заборавени и искористени.
Доста е! Време е за промени.

Повеќе артикли
Словенија зборува за демократија, но бега од неа: Претседателката и премиерот одбија дијалог со Ромите – токму кога најмногу треба
Менсур Халити со силна порака на РТВ СЛО: „Законот на Шутара не мора да каже ‘Роми’ за да се користи против Ромите“
Законот „Сутар“ создава опасен преседан: Анализа и последици за европските Роми