Молчењето зборува ли повеќе од зборовите? Ромите во Виница протестираа, раководството на Демократски сили на Ромите – никаде
Денес Ромите во Виница излегоа на протест поради бруталното претепување на Умит Скопко, член на Демократски сили на Ромите (ДСР). Стотици граѓани собраа храброст да го кренат гласот против неправдата, но од оние што најмногу треба да бидат со нив – немаше ни трага, ни глас.
Ниту др. Шабан Салиу, претседател на ДСР и актуелен кандидат за градоначалник на општина Шуто Оризари, ниту кој било од партиското раководство не се појави да даде поддршка на својот сопартиец кој бил физички нападнат.

Зошто? Дали е можно партијата што се претставува како „глас на Ромите“ да го сврти погледот кога еден од нејзините луѓе е нападнат? Или можеби лојалноста кон функциите е посилна од одговорноста кон народот?
Оваа тишина не е случајна — таа е показател на политичка неосетливост и оддалеченост од реалноста.

Повеќе артикли
Кога моќта не е понудена, симболите се: Ромско читање на предлогот на Апасиев
Од геополитички шок до внатрешна ерозија: каде завршува Европа кога правилата престануваат да важат
Трамп е во право. Европа е во криза