Трагедијата во Кочани уште еднаш го разобличи нефункционалниот систем за заштита и спасување и покажа дека власта предводена од Мицкоски селективно ги штити своите коалициски партнери. Наместо темелна истрага што ќе ги опфати сите одговорни, институциите повторно применуваат двојни аршини.
Во истрагата е вклучен само еден поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), додека останатите, меѓу кои и актуелното раководство, остануваат недопирливи. Од 2008 до 2017 година, со ДЗС управуваше Шабан Салиу – денес министер без ресор во владата. Семејната врска и политичката лојалност очигледно се поважни од професионалноста, бидејќи неговиот внук, Кашмир Салиу, денес е заменик-директор на институцијата.
Дополнително, актуелниот директор Џеват Селами не само што не е предмет на истрагата, туку и целосно ја избегнува јавноста, иако како прв човек на ДЗС треба да сноси најголема одговорност.
Вистинската слика на нефункционалноста се гледа токму во Кочани, каде што подрачното одделение на ДЗС нема инспектор за противпожарна заштита уште од 2012 година – ситуација што директно ја загрозува безбедноста на граѓаните, а останала нерешена за време на мандатот на Салиу.
И покрај тоа, министерот за внатрешни работи Тошковски продолжува со празни изјави дека „нема да има недопирливи“, додека фактите покажуваат дека коалициските партнери се целосно амнестирани. Селективната правда е недозволива, особено во трагедии каде што има човечки жртви.
Ако Тошковски не е подготвен да се справи со политичките притисоци и да ја преземе одговорноста за заштита на системот, тогаш мора да си замине. Безбедноста на граѓаните не смее да биде жртва на коалициски договори и фамилијарни интереси.

Повеќе артикли
Словенија зборува за демократија, но бега од неа: Претседателката и премиерот одбија дијалог со Ромите – токму кога најмногу треба
Менсур Халити со силна порака на РТВ СЛО: „Законот на Шутара не мора да каже ‘Роми’ за да се користи против Ромите“
Законот „Сутар“ создава опасен преседан: Анализа и последици за европските Роми