Светски познатиот артист Tyga, како дел од својата светска турнеја летово ќе настапи и во Скопје, на овогодинешното издание на Fusion Festival. TYGA е артист кој спојува неколку генерации на фанови, а тоа е и главната мисија на FUSION FESTIVAL.
Настанот кој ќе ја одбележи 2022 година, како и најголемата журка ова лето се случува на 22ри Јуни заедно со мегапопуларниот рапер TYGA, една од првите ѕвезди на новата хип-хоп ера.

Покрај главниот настап на Tyga, на овој фестивал ќе настапат и македонските хипхоп и трап артисти Irie Scratch, DJ Shorty P и Young Daddy. Фестивалот со свој диџеј сет ќе го затвори Ampov.


Повеќе артикли
Кога моќта не е понудена, симболите се: Ромско читање на предлогот на Апасиев
Од геополитички шок до внатрешна ерозија: каде завршува Европа кога правилата престануваат да важат
Трамп е во право. Европа е во криза