Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, на партиски собир во Гостивар порача дека неговата партија останува дел од коалицијата ВЛЕН и ќе се залага за постигнување единствен став пред претстојните избори.
„Ние сме дел од ВЛЕН и ќе се трудиме да останеме заедно до крај. Но, ако не се постигне заедничко решение, сме подготвени и самостојно да настапиме“, изјави Таравари.
Тој откри дека неодамна имал конструктивна средба со Изеет Меџити, која траела речиси два часа. Осврнувајќи се на краткиот протоколарен поздрав со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за време на посетата на албанскиот претседател Бајрам Бегај, Таравари истакна дека би се поздравил со секој политичар – освен, како што рече, со лидерот на Левица.
Во рамки на истата средба, Исен Шабани, актуелен градоначалник на Врапчиште и поранешен потпретседател во фракцијата на Зијадин Села, објави дека ќе се кандидира како независен кандидат на претстојните избори. Тој побара поддршка од фракцијата на Таравари и повика на поголемо единство во партијата.
Партискиот состанок во Гостивар опфати дискусии за политичката состојба, претстојните избори, како и усвојување на декларација поврзана со трагичниот настан во Кочани.

Повеќе артикли
O Roma sar Alibi e drzavake
Кога моќта не е понудена, симболите се: Ромско читање на предлогот на Апасиев
Од геополитички шок до внатрешна ерозија: каде завршува Европа кога правилата престануваат да важат