
Деновиве во Младинскиот Културен Центар – МКЦ кино „Фросина, во Скопје се одржа по
8 ми пат Ромскиот детски музички фестивал „Чхавориканоп Суно 2025.
Како и досега организатор беше СП БТР Продукција и директорот на овој Фестивал Зоран
Димов.
Во преполнетата сала каде присуствуваа децата и нивните родители, беа исполнето 10
музички нумери кои ги испеаа деца од ОУ „Браќа Рамиз и Хамид„ од Ш.Оризари кои
претходно преку аудиција беа исбрани.
Аранжманот и музиката беа на Реан Нези, додека текстовите на песните беа на Рамуш
Муарем – Цирко.
На сцената беа придружуваниу од Детскиот Хор,
На крајот од фестивалот на сите учесници им беа доделени Благодарници од
органбизаторот.
Инаку фестивалот финансиски беше помогнат од Министерстовот за Култура и тиризам, а
помогнат од технички аспект од Градот Скопје
Фестивалот „Детски Сон 2025„ – “Čhavorikano Suno 2025” е настан кој го збогатува
културниот живот и културната понуда на градот Скопје, особено кога станува збор за
ромската заедница во нашата земја, чии припадници во најголем број живеат токму во
главниот град.
Следствено, овој фестивал оваа година продолжи да придонесува за зачувувањето и
афирмацијата на културниот идентитет на Ромите во Македонија.



Повеќе артикли
Каде е Шабан Салиу кога Ромите страдаат?
REF ги зајакнува мрежите на дипломци и педагози во Албанија и Косово
Министерот Панчe Тошковски нема време за ромските прашања