
Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека Европа се наоѓа на почетокот на „хибридна војна“ откако серија дронови го парализираа воздушниот сообраќај во земјата. Во текот на неделата биле затворени неколку аеродроми, вклучувајќи ги Копенхаген и Олборг, што довело до откажани летови и хаос меѓу патниците. Иако официјално не е потврдено кој стои зад нападите, Фредериксен недвосмислено ја посочи Русија како најголема закана за европската безбедност.
Таа нагласи дека Данска веќе ги засилила мерките за одбрана со анти-дрон системи, а наскоро ќе набави и нови ракетни системи – најскапата воена инвестиција во историјата на земјата. Премиерката упати апел до цела Европа да ја зголеми одбраната и да се подготви за нова ера на безбедносни предизвици.
Повеќе артикли
Каде е Шабан Салиу кога Ромите страдаат?
Министерот Панчe Тошковски нема време за ромските прашања
Бујар Османи отвара општинска народна кујна во Топана во соработка со хуманитарните организации