Од ноќеска на полноќ официјално стартува кампањата за локалните избори, чиј прв круг ќе се одржи на 19 октомври. Кампањата ќе трае до 17 октомври, а за вториот круг, закажан за 2 ноември, кампањата ќе трае до 31 октомври.
Според заклучениот избирачки список, право на глас имаат 1.832.415 граѓани. На овие осми локални избори од независноста на државата се пријавени 309 кандидати за градоначалници и 577 листи за општински совети со вкупно 10.499 кандидати.
Во државата се регистрирани 3.480 избирачки места, а во 132 од нив бројот на избирачи е помал од десет, па гласањето за нив ќе се спроведе на најблиското избирачко место. Ова се клучните детали што секој граѓанин треба да ги знае пред да го фрли својот глас.

Повеќе артикли
Ромските гласачи штотуку одржаа демократска мастер-клас во Унгарија. Сега Тиса мора да го испорача тоа за нив.
Нетранспарентен избор во Општина Тетово – ромската заедница исклучена од одлуката
ВТОРАТА АБОЛИЦИЈА НА РОПСТВОТО ВО РОМАНИЈА