Шабан Салиу го одобри планот со кој парите за Ромите одат во општини без Роми.
Во најновата распределба на 20 милиони денари од буџетот на државата, наменети за поддршка на Декадата и Стратегијата за Ромите 2025, државата уште еднаш покажа колку е лицемерна кон ромската заедница. Но овојпат, најголемиот срам не доаѓа од Владата – туку од човекот кој требаше да ја брани ромската кауза: Шабан Салиу.
Пари за Ромите – без Роми
Под „благослов“ на Салиу, Министерството за транспорт и врски ги подели парите така што најголем дел од нив завршуваат во општини каде речиси и да нема Роми. Од вкупно 20.000.000 денари, само една општина – Шуто Оризари – навистина има претежно ромско население.
Сите други се општини како Јегуновце, Кавадарци, Делчево, Ранковце, Босилово, Василево, Зелениково, Кратово – места каде Ромите се маргинални, статистички незабележливи или едноставно – ги нема.
А еве и дел од поделбата која добила зелено светло од Салиу:
| Општина | Проект | Одобрени средства (денари) |
|---|---|---|
| Шуто Оризари | Реконструкција на ул. 1673 | 1.791.066 |
| Битола | Реконструкција на улици Мукос и Љубојно | 1.672.931 |
| Тетово | Реконструкција на пат „Прохор Пчински“ | 1.629.656 |
| Делчево | Ул. Солунска | 1.568.941 |
| Зелениково | Канализација во с. Зелениково | 1.550.383 |
| Кратово | Локален пат во с. Вакуф | 1.431.505 |
| Јегуновце | Улица во н.м. Јегуновце | 1.308.020 |
| Кавадарци | Фекална канализација Бел Камен | 1.094.722 |
| Гевгелија | Детско игралиште | 1.306.814 |
| Босилово | Улица во с. Старо Балдовци | 700.000 |
Потпис што тежи – и мириса на предавство.
Секој што го прочитал Меморандумот за распределба знае дека оваа програма треба да служи за поддршка на општини со претежно ромско население. Тоа е јасно наведено во Програмата и во буџетската ставка.
Затоа, позитивното мислење на Шабан Салиу не е обична бирократска формалност — тоа е активен чин на одобрување на неправда. Тој, со свој потпис, го легитимирал пренасочувањето на пари што припаѓаат на Ромите кон општини каде тие не живеат.
Ова не е „грешка“, ова е свесен чин на политичко приклонување и сервилност. Наместо да биде коректив на државната неправда, Салиу стана нејзин извршител. Наместо да зборува за ромските маала без канализација, без осветлување и без улици — тој даде благослов тие пари да се трошат за „детски игралишта“ во Гевгелија и „локални патишта“ во Кратово.
Ромите останаа без пат, без глас и без застапник.
Шабан Салиу требаше да биде гласот што ќе каже:
„Не може пари за Роми да одат во места без Роми.“
Но наместо тоа, тој молчеше. Или уште полошо — потпиша.
Со тој потпис, ја потврди суштината на проблемот: дека дел од таканаречените „претставници“ на Ромите одамна не ги претставуваат Ромите. Тие претставуваат себеси, своите позиции и привилегии.
А додека Салиу се потпишува, ромските деца во Куманово и Прилеп учат во бараки, маалата во Гостивар и Кичево се без асфалт, а стотици ромски семејства живеат во нехумани услови.
Доста е!
Декадата за Ромите не смее да биде параван за расфрлање пари и собирање политички поени.
А Шабан Салиу мора да одговори — зошто го поддржа планот кој директно ги оштетува Ромите?
Ако не знаел – тоа е некомпетентност.
Ако знаел – тоа е предавство.
Во двата случаи, неговиот потпис останува срамен документ на еден систем кој зборува за инклузија, а практикува исклучување.


Повеќе артикли
Словенија зборува за демократија, но бега од неа: Претседателката и премиерот одбија дијалог со Ромите – токму кога најмногу треба
Менсур Халити со силна порака на РТВ СЛО: „Законот на Шутара не мора да каже ‘Роми’ за да се користи против Ромите“
Законот „Сутар“ создава опасен преседан: Анализа и последици за европските Роми