
Република Северна Македонија, како и многу модерни демократии, се стреми да обезбеди правична застапеност на сите заедници кои го сочинуваат нејзиниот културен мозаик. Но, едно прашање останува неодговорено: зошто нема пратеник од ромската заедница во македонскиот парламент?
Отсуство што загрижува
Ромската заедница, која претставува значителен дел од населението во Северна Македонија, сепак често е маргинализирана во политичкиот и општествениот систем. И покрај официјалните изјави кои ја нагласуваат важноста на инклузијата и застапеноста, фактите укажуваат на постојана исклученост на ова малцинство од одлучувачките позиции. Отсуството на ромски пратеник во парламентот е очигледен пример за тоа.
Политичка одговорност
Господине премиере Мицкоски, како лидер и чувар на демократските институции, ваша должност е да се осигурате дека сите гласови во државата ќе бидат слушнати. Уставот на Северна Македонија и меѓународните обврски што ги има земјата ја истакнуваат важноста на еднаквите можности и политичкото учество на сите граѓани, без оглед на нивната етничка или социјална припадност. Зошто тогаш оваа неправда? Зар ромската заедница не гласала за вас во изминативе парламентарни избори? Имавте ромски гласачи во сите 6 изборни единици.
разбирам дека вашите коалициони ромски политички партии се плашат да ви го постават ова прашање, за да не им го одземете тоа што им го дадовте на нив, но не на Ромската заедница!
Пратеник од ромската заедница не би ги претставувал само своите сограѓани Роми, туку и би симболизирал политичка волја за инклузија. Тој би ја пренел грижата на оние кои, премногу често, се невидливи во одлучувачките процеси. Неговото присуство би помогнало да се адресираат специфичните проблеми на заедницата, како што се пристапот до образование, вработување и пристојни животни услови.
Господине премиере, време е за акција. Разновидноста не е само културно богатство, туку и суштински основ на секоја демократија. Обезбедувањето директна застапеност на Ромите во парламентот би било важен чекор кон поправедно и поинклузивно општество.
Ромската заедница заслужува место на масата каде што се носат одлуките што го обликуваат нивниот секојдневен живот. Вашата влада има можност да ја поправи оваа неправда и да испрати силна порака: порака за вистинска посветеност на еднаквоста и инклузијата.
Па, господине Мицкоски, каде е ромскиот пратеник во вашиот парламент?
Повеќе артикли
Ден на победата над фашизмот – 9 мај 2025 година-Ако не сте подготвени да реагирате кога фашизмот ќе затропа на вратата на Ромите, тогаш не сте против фашизмот.
Фондацијата „Ромите за Европа“ нуди решенија – партиите нека не шират отров, туку нека соработуваат со активистите
Одржан по 8 ми пат Десткиот ромски музички фестивал „Чхаворикано Суно 2025