mai 21, 2025

РОМА ЊУС МК

Не може секогаш да се согласуваме со нив, понекогаш мора да бидеме против.

Дали Шабан Салиу наводно наредил уништување на докази?

Нови детали за случајот „Пулс“: Дали Шабан Салиу наводно наредил уништување на докази?

Во рамките на истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што трагично загинаа 62 млади лица, се појавуваат нови шокантни информации поврзани со улогата на актуелниот министер без ресор Шабан Салиу.

Според извори блиски до истрагата, Шабан Салиу, кој во времето на отварањето на оваа дискотеката ја извршувал функцијата директор на Дирекцијата за заштита и спасување, наводно дал наредба за уништување на клучни документи и други докази што се однесуваат на безбедносните пропусти во објектот на актуелниот заменик директор Кашмир Салиу кој инаку е внук на Министерот без ресор Шабан Салиу.

Овие наводи дополнително се поткрепуваат со информациите дека неговиот внук, актуелниот заменик-директор Кашмир Салиу, се обидел да влијае врз сведоци и да ги прикрие трагичните пропусти на институцијата.

Истрагата, која ја води Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, се проширува, а не се исклучува можноста за нови приведувања. Од обвинителството најавуваат дека доколку се потврдат сомнежите за организирано уништување на докази и опструкција на правдата, ќе следуваат сериозни кривични постапки против сите инволвирани.

На Шабан Салиу основниот суд му одреди 30 дена притвор за да нема влијание врз сведоците.

Јавноста бара брза и транспарентна разрешница, додека семејствата на загинатите апелираат за правда и целосна одговорност. Очекувањата се дека во наредните денови ќе бидат презентирани дополнителни докази и официјални обвиненија.