mai 21, 2025

РОМА ЊУС МК

Не може секогаш да се согласуваме со нив, понекогаш мора да бидеме против.

Радев го повтори ставот на Бугарија – нема преговори без внесување на бугарите во Устав

Бугарскиот претседател Румен Радев уште еднаш го повтори ставот на Бугарија дека неговата земја не прифаќа измени на договорот со Македонија.

Во разговор со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на Минхенската безбедносна конференција, Радев нагласи дека Македонија треба да го спроведе европскиот консензус од 2022 година и дека Бугарија не поставува нови барања, но истовремено не прифаќа промени на постигнатите договори.

Услов за продолжување на преговорите за членство на Македонија во ЕУ е вклучувањето на Бугарите во Уставот, што за ВМРО-ДПМНЕ, е неприфатливо, и бараат промените да стапат на сила по завршувањето на преговорите.

Source https://telma.com.mk/