Жељко Јованович:
Со длабока тага ги оплакуваме изгубените животи и иднината на 59 млади луге – следната генерациjа на Северна Македониjа. Семеjствата, приjателите и сите кои се погодени од оваа незамислива загуба се во нашите мисли и срца.
Денес jа посетив амбасадата во Брисел за да изразам сочувство и солидарност.
Во името на Ромската Фондациjа за Европа се потпишав во книгата на жалост и го известив амбасадорот за нашата одлука да донираме 10.000 евра како поддршка за семеjствата на жртвите.
Оваа трагедиjа не е само длабока лична тага, туку и болна последица на пропустите во системот. Ова никогаш не смееше да се случи и не можеме да дозволиме да се повтори. Потребна е вистинска акциjа за заjакнуване на системите што треба да ги штитат лугето, особено младите.
Нека споменот на оние што ги загубивме биде повик за промена – за поодговорно општество, за безбедност и за иднина во коjа повеке нема да жалиме за трагедии што можеле да бидат спречени.
Почиваjте во мир.

Повеќе артикли
Фондацијата „Роми за Европа“ повикува на целосна истрага за смртта на Тамаш Б. по полициска операција во Унгарија.
Ромската фондација за Европа бара обвинение за обид за убиство по прободувањето на ромско момче во Скопје
Ромскиот јазик влегува во ерата на вештачката интелигенција: ERIAC ја започна иницијативата AMARI ČHIB со поддршка од Microsoft