
Зошто неќам и ми пречи наслов со епитет: « 8-ми Април Светски/Меѓународен ден на Ромите »
Другарчиња сакам да споделам едно мое размислување и сфаќање на некои работи. Можеби еден дел од Ромската заедница нема да се сложат со мене и моето размислување, ама не може никој да ме спречи да не ги гледам работите на тој начин!
Јас како човек кој припаѓам на ромската етничка заедница и многу сум горд на тоа, во пресрет на 8 Април, како ден за одбележување на ромскиот идентитет , химна, знаме и признавање на зборот РОМ, сакам да споделам мое размислување. Денот кој се одбележува, а е насловен како Светски ден на Ромите , мене ми „боде очи„. Всушност се работи за следното.
Ромите како народ живеат и опстојуваат векови наназад со преселбите од пред 1.000 години од нивната прататковина – Индија. Судбината била таква да бидат распрскани низ целиот свет.
Но има едно нешто. На првиот светски конгрес на Ромите во Лондон кој започна на 6 април 1971 година и беше донесена одлука зборот циган (кој е всушност наметнат збор од другите – во ромскиот вокабулар не фигурира таков збор, да се замени со зборот Роми, се донесе одлука за формата и симболите на ромското знаме, и химна. Нешто подоцна тоа беше прифатено и со резолуција на ОН). Но целата еуфорија протагонистите на тој конгрес го наметнаа овој наслов – како 8 Април светски ден на Ромите, и потоа прифатенио од сите, но јас со таква формулација НЕ СЕ СЛОЖУВАМ!
Светски ден може да има например – „Борба против туберколозата, Ден на Сидата, Ден на планетата Земја, Ден на општо здравје, Ден за борба против канцерот, Светски ден на водата, Светски ден на дрвото, екологијата, но „ СВЕТСКИ ДЕН ЗА ЕДНА НАЦИЈА НЕМА НИГДЕ НА СВЕТОТ„. Не знам никаде да е спомнат например, 4 јули Светски ден на Американците, 8 септември светски ден на Македонците, 28 Ноември светски ден на Албанците, 25 јуни ден на Хрватите или Словенците и слично. Сите тие имаат свој ден на независнот, единство, ден на знамето, химната, азбуката и слично.
Затоа ни најмалку не се чувствувам пријатно кога мене како РОМ ме одбележуваат со „СВЕТСКИ ДЕН„..Нит сум Борба против туберколозата, Ден на Сидата, Ден на планетата Земја, Ден на општо здравје, Ден за борба против канцерот, Светски ден на водата, Светски ден на дрвото, екологијата и друго. Би сакал во блиска иднина да се промени пристапот и да се смени овој назив – 8 април – светски ден на Ромите, во 8 АПРИЛ, ДЕН НА РОМСКИОТ ИДЕНТИТЕТ, ЗНАМЕ И ХИМНА. Тоа е тоа…
Со почит: Муарем Рамуш – Цирко
Повеќе артикли
„Роми 365 дена: Доста беше само со статуси и симболика“
16 Мај – Ден на отпорот, но и на надежта
Биди храбар, излези на терен – не да се криеш зад тастатура кога има проблеми