
Центарот за јавно здравје денеска го посети училиштето. Семејството на едниот ученик доставило потврда од лекар до училиштето. Во изолација е и сестрата на првоодделенецот. За останатите два случаи кои се сомнителни, директорот усно бил информиран и двата ученика се во изолација. Училиштето презело повеќе мерки меѓу кои и дезинфекција.
Сите училници и простории биле исчистени и дезинфицирани за време на викендот. Денеска епидемиолошката служба доставила и дополнителни средства за дезинфекција. Од Центарот за јавно здравје најавија повеќе детали по завршување на увидот.
– Преземавме мерки дезинфекција на училиштето, исчистено е, сите простории се дезинфицирани. Денеска дојде и докторка епидемиолог, разговараме како понатаму да се постапи, кои се советите. Наставата продолжува со нормален тек. Наставничката по биологија одржа час за инфективни болести, децата ги запознаеме со појава на оваа болест. Ние, наставниците редовно си доаѓаат и учениците редовно, изјавил директорот на „Кирил и Методиј“, Скендер Рушити.
Шугата е заразна болест предизвикана од паразит. Тоа е всушност состојба на иритација на кожата. Манифестацијата на болеста е од токсични агенси и супстанции кои паразитот ги испушта. Паразитите се шират со близок контакт со заболено лице, преку користење на заеднички крпи, чаршафи и други лични работи. Најчесто во семејството заболуваат повеќе членови.
Болеста може да се пренесе уште пред да се појават првите симптоми. Најчести знаци на шуга се чешање, а кај доенчињата можна е појава на плускавци и мозолчиња кои ја маскираат клиничката слика.
Период на инкубација е четири до осум недели кога телото развива сензитивност на паразитите, нивните јајца и измет. Паразитот ги дразни нервните завршетоци поради што има неподносливото чешање, посебно ноќе. Со самото чешање дополнително се иритира кожата и може да доведе до секундарни кожни промени.
Повеќе артикли
Ден на победата над фашизмот – 9 мај 2025 година-Ако не сте подготвени да реагирате кога фашизмот ќе затропа на вратата на Ромите, тогаш не сте против фашизмот.
Фондацијата „Ромите за Европа“ нуди решенија – партиите нека не шират отров, туку нека соработуваат со активистите
Одржан по 8 ми пат Десткиот ромски музички фестивал „Чхаворикано Суно 2025