mai 22, 2025

РОМА ЊУС МК

Не може секогаш да се согласуваме со нив, понекогаш мора да бидеме против.

За првпат, Обединетите нации поканија Ром преживеан од холокаустот.

За првпат, Обединетите нации поканија преживеан од холокаустот врз Ромите од Романија, г. Думитру Миклеску, да зборува во седиштето во Њујорк на 27 јануари, Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот.

Неговиот говор не само што ги потсети присутните на ужасите на нацистичкиот прогон, туку и на одамна заборавените страдања на Ромите во она што се нарекува „заборавениот Холокауст“ во Транснистрија.

Миклеску, кој оваа година ќе наполни 91 година, зборуваше за потребата од глобално признавање на Холокаустот врз Ромите и вклучување на оваа историја во образовните системи.

„Транснистрија останува заборавено поглавје од Холокаустот. Не е доволно да се комеморираат Аушвиц, Дахау и Берген-Белзен. Мора да ги додадеме и локациите како Вапниарка и Тираспол на мапата на историјата на Холокаустот. Признавањето е првиот чекор кон правда, а правдата е основа за исцелување“, рече Миклеску, кој беше придружуван на говорничката платформа од својата внука Изабела Тибериаде.

Миклеску е роден на 8 март 1934 година во Тамна, округот Мехединци, Романија. Кога имал осум години, тој и неговото семејство биле депортирани во интернационите и работнички логори во Тираспол и Вапниарка во Транснистрија (територија на границата меѓу Молдавија и Украина).

Миклеску е клучна фигура во борбата за признавање на Холокаустот, неговите ромски жртви и нивната компензација. Во Романија тој активно придонесе за донесувањето на Законот бр. 221/2009, кој обезбедува пензии за децата на преживеаните.

ФОТО: Мануел Елиас / ОН