Ке ја користам приликата ова да го објавам денес со посетата на Претседателката на Европската Унија Урсула фон дер Лајен во рамки на нејзината балканска турнеја и средба со Македонскиот премиер Мицкоски каде една од темите беше и РЕФОРМСКАТА АГЕНДА.
Во амбициозниот документ „Реформска агенда на Северна Македонија 2024–2027“, кој треба да биде водилка за националните политики во следните три години.
Во документот „Реформска агенда на Северна Македонија 2024–2027“ нема ниту еден дел што директно ја спомнува Ромската заедница. Пребарување низ целиот документ (над 160 страници) не покажува конкретна мерка, индикатор или буџетска ставка за Ромите, кои сочинуваат околу 2.3% од населението според пописот од 2021 година.
И покрај тоа што Северна Македонија има Национална стратегија за вклучување на Ромите до 2030 година и е дел од европската рамка за ромска инклузија, реформскиот документ не ја интегрира оваа стратегија во своите приоритети.
Општи реформи, без таргетирани решенија
Во деловите што се однесуваат на образование, социјална политика, здравство и домување, Агендата зборува за „подобрување на условите за ранливи групи“ – но не наведува кои се тие групи, ниту предлага мерливи механизми за нивно вклучување.
„Овој документ практично ги порамнува сите граѓани во една категорија. Кога политиките се премногу општи, најмаргинализираните повторно остануваат невидливи“.
Што недостасува: седум испуштени точки
Анализата на агендата покажува осум клучни испуштени точки за Ромската заедница:
- Нема посебни мерки за ромски деца и ученици, ниту стипендии, менторски програми или превенција на напуштање училиште.
- Домувањето и инфраструктурата не спомнуваат ниту една интервенција во неформални ромски населби.
- Здравствената заштита не содржи програми за мобилни тимови, вакцинација или превентивни кампањи за Ромите.
- Нема таргетирани мерки за вработување и економско вклучување на Ромите.
- Нема ангажман на ромски организации во планирањето или следењето на реформите.
- Недостасуваат посебни буџетски линии за инклузија.
- Отсуствува антидискриминациски пристап, особено во борбата против анти-ромизмот.
Ваквиот пристап може да создаде сериозни последици. Без специфични индикатори, државата ќе прикажува „просечни“ резултати, а реалната состојба на маргинализираните ќе остане непроменета.
„Кога сите се третираат еднакво во документ, тоа не значи дека сите имаат еднакви стартни позиции“, вели универзитетски професор по социјална политика. „Ромските заедници со години живеат во населби без вода, струја или легализирани домови. Без таргетирана интервенција, тие нема да стигнат до реформите – реформите мора да стигнат до нив.“
Европската Унија уште во Roma Strategic Framework 2030 бара од земјите кандидати да воспостават конкретни, мерливи и финансирани мерки за ромска инклузија. Отсуството на такви мерки може да биде оценето како неусогласеност со европските стандарди и да влијае врз пристапот до фондови.
Реформската агенда 2024–2027 е стратешки документ што треба да ја движи земјата кон европските стандарди. Но ако реформите не стигнат до најранливите, реформите немаат смисла.
Ромската заедница останува надвор од текстот – и, ако не се коригира, надвор од користа на реформите.
Што би требало да содржи една инклузивна агенда ако има вистинска политичка воља и Политичка храброст без изборни калкулации :
- Индикатори по етничка припадност во сите сектори (образование, здравство, домување, вработување);
- Буџетски линии за проекти насочени кон ромските заедници;
- Партиципативен совет со ромски НВО и локални лидери;
- Програми за инфраструктура, легализација и приклучоци во ромски населби;
- Специјални стипендии и програми за рано образование за ромски деца;
- Мерки против дискриминација и анти-ромизам во јавните институции.
Мадам Урсула фон дер Лајен, добредојде во Македонија.

Повеќе артикли
Словенија зборува за демократија, но бега од неа: Претседателката и премиерот одбија дијалог со Ромите – токму кога најмногу треба
Менсур Халити со силна порака на РТВ СЛО: „Законот на Шутара не мора да каже ‘Роми’ за да се користи против Ромите“
Законот „Сутар“ создава опасен преседан: Анализа и последици за европските Роми