
Драма на Ургентен Хирушки центар во Скопје (Државна болница) … Ромите се лечат со парацетамол без преглед
Денес утрото во 00:30 часот, младо девојче (малолетно) со своите родители, прегазено од автомобил пред 5 дена, се јавува на Ургентен Хирушки центар во Скопје при Државна Болница со вртоглавица и предходно повраќање, не се прегледува, туку се проценува од око од страна на Докторка или Специјализант Доктор ( која што одбиваше да го каже своето име и не носеше беџ на себе), дека болките и се од ударот и на контрола за два дена која што и е закажана, таму да ги каже сите синтоми а вечер да се напие парацетамол.
Детето се јавува на Ургентен со Шансонова кравата, бандажирана нога и повреди на ребрата, сето ова здобиено од ударот, од автомобил.
На мое укажување дека се работи за малолетно дете кое било прегазено од возило, повраќало, има вртоглавици, докторката 5 минути со висок тон објаснуваше како болката од ногата и ребрата се последица од ударот и тиа најдобро ортопед ќе помогне (сведок обезбедување, службеник и родители и пациент (малолетно дете).. Докторката тврдеше дека ја прегледа (лага). На мое барање да добиеме извештај од прегледот, добив одговор дека не може да добиеме, видејќи дошла на Ургентен без упат(?) 🙂
Повторно замолив да се прегледа поради симтомите кој ги има детето, но докторката остана на својот став дека тоа не и беше кажано од страна на родителите и тука прегледот завшрил.
Пристап до примарна здравствена заштита отежнет, секундарна и терцијална невозможна за Ромите очегледно… (?) Дете со повреди од сообраќајна незгода, не е доволно достојно да биде прегледано на Ургентен затоа што родителите не кажале веднаш дека повраѓало детето и има вртоглавица
Почитивани, Законот за здравствена заштита е дециден:
1️⃣ Член 3: (1) Секој има право на здравствена заштита и обврска да се грижи и да го чува
и унапредува своето здравје во согласност со овој и друг закон. (2) Никој не смее да го загрозува здравјето на другите. (3) Секој е должен во итни случаи да укаже прва помош според своите можности и во случај на опасност по животот, да ја извести најблиската здравствена установа и да овозможи пристап до итна медицинска помош
2️⃣ Член 4: (1) Секој граѓанин има право да ја остварува здравствената заштита со почитување на највисокиот можен стандард на човековите права и вредности, односно има право на физички и психички интегритет и на безбедност на неговата личност, како и на почитување на неговите морални, културни, религиозни и филозофски убедувања
3️⃣ Член 5: Здравствената заштита се заснова врз единството на превентивните,
дијагностичко- терапевтските и рехабилитационите мерки и врз начелата на
достапност, ефикасност, континуираност, правичност, сеопфатност и
обезбедување на квалитетен и сигурен здравствен третман.
4️⃣ Член 9: Начелото на правичност на здравствената заштита се остварува со забрана на дискриминација при укажувањето на здравствената заштита по однос на раса, пол, старост, национална припадност, социјално потекло, вероисповед, политичко или друго убедување, имотна состојба, култура, јазик, вид на болест, психички или телесен инвалидитет.
А пак Законот за заштита на правата на пациентите:
1️⃣ Член 2: Со заштитата на правата на пациентот се обезбедува квалитетна и континуирана здравствена заштита во согласност со тековните достигнувања во здравството и медицината, во рамките на системот за здравствена заштита и здравствено осигурување, соодветна на поединечните потреби на пациентот, со отсуство на каква било психичка и физичка злоупотреба, со целосно почитување на достоинството на неговата личност и во негов најдобар интерес
2️⃣ Член 5: Пациентот ги има правата пропишани со овој или со друг закон или со ратификуван меѓународен договор, конвенции, декларации и други меѓународни документи што се однесуваат на заштитата на правата на пациентите. Пациентот има право на остварувањето на правата, пропишани со овој закон, без дискриминација заснована врз пол, раса, боја на кожата, јазик, вера, политичко или кое и да е друго мислење, национално или социјално потекло, припадност на национално малцинство, материјална положба, потекло по раѓање, сексуална ориентација или кој и да е друг статус. Пациентот има право на грижа, лекување и рехабилитација што се во согласност со неговите поединечни потреби и способности и што ја унапредуваат состојбата со неговото здравје, со цел да го достигне највисокото можно лично ниво на здравје, согласно со достапните методи и можности на медицината, а во согласност со прописите од областа на здравствената заштита и здравственото осигурување. Личноста и достоинството на секој пациент мора да се почитува. Пациентот има право за време на престојот во здравствената установа на лична сигурност.
Финално да потсетиме што значи во суштина Ургентен Хирушки центар во Скопје:
1️⃣ Ургентниот хируршки центар претставува единица на терциерна здравствена установа -Универзитетската Клиника за Трауматологија, Ортопедски болести, Анестезија и реанимација, Интезивно лекување и Ургентен Центар – Скопје. Лоциран е на 100м од главниот влез на Комплекс клиники “Мајка Тереза”.
2️⃣ Ургентниот хируршки центар работи 24 часа, 365 дена во годината. Претставува центар кој што згрижува пациенти со различен степен на телесни повреди, како и пациенти со живото-загрозувачки состојби. Преку својата дејност ги обединува сите хируршки гранки и ургентните состојби во нив и преку мултидисциплинарен пристап ги третира истите.
Упат за ургентен хирушки центар не е неопходен за да бидете медициски третиран во истиот.
Закони, под-заноски акти, уредби важат за сите, како за пациентите, така и за медицинскиот персонал. Правдата ќе о мора да биде задоволена
Повеќе артикли
Се појави шуга во основно училиште во кумановско
Моментално имаме околу 1000 лица кои се под закана да ја имаат истата судбина како на Мемет
„Ги запознаваме ретките болести 2022“