
Расте бројот на смртни случаи, како и назаразени и реинфекции со Ковид-19 во Северна Македонија. Минатата недела се регистрирани 11.916 нови случаи на Ковид-19 од вкупно 38.518 земени примероци или секој трет тестиран бил позитивен на вирусот. Главниот град Скопје и понатаму е на врвот на листата со највеќе заразени. Во Кавадарци минатата недела имаше највисока, а во Дебар најниска стапка на зараза.
Во последнот извешај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) се наведува дека за една недела се пријавени 148 смртни случаи во 26 градови што е за 38,3% повеќе во однос на минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје и повеќето се на возраст над 60 години и од 50-59 години (12 починати).
Од почетокот на пандемијата, во Северна Македонија има 8.409 смртни случаи како последица на вирусот. Во извештајот се вели дека 82,1 отсто од починатите имале и други здравствени проблеми – најчесто кардиоваскуларни, дијабет, белодробни, невромускуларни, бубрежни и карцином. Од ковид починаа и девет трудници и 37 здравствени работници.
Според податоците, починале и 13 лица кои по вторпат се заразиле со Ковид-19. Од почетокот на пандемијата регистрирани се 6.494 реинфекции, а 17-мина се заразиле по третпат. Од 24 до 30 јануари биле пријавени 1.558 реинфекции.
Расте и бројот на хоспитализации – во моментов во болниците има 671 лице, од кои 390 се на кислородна поддршка, што е за 14,4% повеќе во споредба со претходна недела. Досега во лабораторијата за вирусологија при ИЈЗ се детектирани 255 пациенти позитивни на Омикрон, а присутна е и делта варијантата меѓу заразените.
Досега во земјата се направени вкупно 1.788.251 тестирања. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 268.901, бројот на оздравени пациенти е 246.864, на починати е 8.409, а бројот на активни случаи изнесува 13.628. Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово, Битола, Прилеп и Тетово, додека највисок морталитет се регистрира во Охрид, Кавадарци и Прилеп.
Source: DW
Повеќе артикли
Се појави шуга во основно училиште во кумановско
Моментално имаме околу 1000 лица кои се под закана да ја имаат истата судбина како на Мемет
Драма на Ургентен Хирушки центар во Скопје (Државна болница) … Ромите се лечат со парацетамол без преглед