mai 22, 2025

РОМА ЊУС МК

Не може секогаш да се согласуваме со нив, понекогаш мора да бидеме против.

НГИ,,КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПКАНИ,, БАРА ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КАРПОШ, СТЕВЧЕ ЈАКИМОСКИ

После, учеството во емисијата ,,САМО ВИСТИНА,, на Канал 5, Стевчо Јакимоски , инаку актуелен Градоначалник на Општина Карпош, во дел од емисијата употреби реченица,,цитирам: ,,Незнам , и Гупците се влезени во Устав,Бугарите да влезат, добро ке го решиме,,завршен цитат , кај заедницата на Египшканите предизвика чуство на омаловажување, навреда со елементи на говор на омраза, бидејки во Охрид, Струга, Битола, Кичево, Дебар практично во минатото ,а многу помалку ссегашноста, Египканите и Ромите ги викале или помалку ги викаат Егупци или Гупци, што ние го доѓивуваме како голема навреда.Во Уставот на Македонија се спомнати Ромите, додека Египканите несе. Ние, како етничка заедница се солидаризираме со етничката заедница на Ромите, и цениме дека како земја -полноправна членка во НАТО и со ЕУ аасирации како што е Македонија, ваквите прозивања, не придонесуваат за градење на едно мултиетничко општество засновано на рамноправни принципи или Едно општество за сите. Крајно невкусно од еден политичар, кој да не заборавиме дека добил подршка и од Ромите во неговата општина Карпош. За ваквото скандалозно однесување, ке ги известиме ОБСЕ И Највлијателните Амбасади, со кои соработуваме, а од Градоначалникот Стевче Јакимоски бараме јавно извинување како еден морален чин на одговорен политичар, истакна за Рома Њус, лидерот на НГИ КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПКАНИ, Демир Далип.