mai 21, 2025

РОМА ЊУС МК

Не може секогаш да се согласуваме со нив, понекогаш мора да бидеме против.

Рускиот претседател Владимир Путин не би се осмелил да нападне земја-членка на НАТО

Рускиот претседател Владимир Путин не би се осмелил да нападне земја-членка на НАТО, изјави генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, на Минхенската безбедносна конференција. Тој изрази оптимизам за односите меѓу Европа и САД, нагласувајќи дека не верува оти Русија ќе нападне членка на НАТО. Сепак, предупреди дека доколку тоа се случи, НАТО ќе реагира со целата своја сила и одлучност.

Руте истакна дека САД и Европа имаат усогласена позиција за иднината на Украина. „Јасно стоиме на заеднички став дека Украина треба да добие најдобра можна почетна позиција во мировните преговори, да продолжи снабдувањето со оружје и обуката на украинските војници. Исходот од мировните преговори мора да гарантира дека Украина останува суверена држава која повеќе нема да биде нападната од Русија“, рече тој.

Во меѓувреме, британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Лами, изјави дека ќе го охрабри американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски да го продлабочат своето партнерство во иднина.

Лами истакна дека најдобрата гаранција за безбедноста на Украина од идни напади е вклучувањето на американската индустрија, бизнис секторот и одбранбените капацитети во нејзиниот развој.