mai 22, 2025

РОМА ЊУС МК

Не може секогаш да се согласуваме со нив, понекогаш мора да бидеме против.

Скандал. Претепана ромска медицинска сестра на државната клиника за акушерство и гинекологија

На 06.03.2021 година додека била на работа ромската медицинската сестра со иницијали С.С., тој ден во 05:45 часот била физички нападната од гинекологот д-р Тоше Митревски.Причината поради која медицинската сестра била нападната е затоа што многу пати го барала докторот за интервенција на пациент на кој му била потребна итна медицинска потреба од докторот кој бил дежурен таа вечер.Докторот почна да ја навреди медицинската сестра со вулгарни зборови и закани , потоа почна физички да ја нападне ромската медицинската сестра кое беше заедно на смена. Почна даја мава со тупаници во рацете каде после тоа направи обид за убиство почна да ја дави со раце и главата на ѕид даја удира додека не дојдоа други колеги и дел од обезбедувањето да ја спасат од обидот за убиство од сртаната на докторот. Медицинската сестра го тужила Докторот Тоше Митревски преку свои Адвокат Срџан Амет, каде што граѓанскиот и кривичниот суд го осудија случајот на страната на медицинската сестра каде што докторот го осудија да плати оштета на медицинската сестра. Додека од лекарската комора не преземале никакви мерки против докторот да го суспендират или да го санкционират од нивна страна нема никакви одговори молчат за овој настан што го направи докторот Митревски.Зошто лекарската комора не реагира за овој настан? Зошто молчат и ги затварат очите, кога веќе две судски институции го судат настанот на страната на медицинската сестра, дали е причината дека медицинската сестра е Ромка? Да беше некои од друга националност дали претседателот на лекарска комора Д-Р. Бурак Шабани ќе го санкционираше и дали ќе го суспендираше насилничкиот Доктор. Тоше Митревски.

Превод од Ромски на Македонски

Рахман Сулејман