Денеска беа потврдени мандатите на пратениците во косовското Собрание, но седницата повторно беше прекината по два неуспешни обиди да се избере кандидатката на Самоопределување за претседател на Собранието.
По вториот неуспешен обид да се избере Аљбуљена Хаџиу за претседател на Собранието, седницата беше прекината.
Седницата е предвидено да продолжи во понеделник во 15 часот.
Во име на пратениците на Самоопределување, Гљаук Коњуфца ја предложи Аљбуљена Хаџију за претседател на Собранието. За гласаа 57, против 20, а воздржани тројца пратеници, поради што не беше изгласан кандидатот предложен од Самоопределување.
По гласањето, претседавачот свика 15-минутна пауза.
Претседателот на Демократската партија на Косово, Мемљи Красниќи изјави дека вршителот на должноста премиер Албин Курти и министрите поединечно поднеле оставки и дека овојпат тоа е вклучено во извештајот. Тој додаде дека тоа овозможило извештајот на Комисијата за верификација на пратеничките мандати да се стави на гласање и дека ПДК ќе гласа за него.

Повеќе артикли
Словенија зборува за демократија, но бега од неа: Претседателката и премиерот одбија дијалог со Ромите – токму кога најмногу треба
Менсур Халити со силна порака на РТВ СЛО: „Законот на Шутара не мора да каже ‘Роми’ за да се користи против Ромите“
Законот „Сутар“ создава опасен преседан: Анализа и последици за европските Роми