Ова е тешко за нашата општина и за нашите деца. Како е можно во една мала општина како нашата да има 8 кандидати за градоначалник и 8 листи за советници од ромската заедница? Ова е навистина жално. Се гледа дека нема вистински политичари, туку само лични интереси.
Ако навистина мислат на народот и на иднината, тогаш треба да бидат обединети во два фронта и да најдат компромис. Паметен политичар секогаш бара решение за подобра иднина на граѓаните, а не за лична корист.
Ова што се случува не е нормално. Јас сум загрижен од ваквото политичко однесување во нашата општина, затоа што никој не најде за потребно да седне и да ги приближи разликите за доброто на граѓаните. Разлики има насекаде, но затоа постојат компромиси, а не инаети. Политичките инаети не ги уништуваат само политичарите, туку и граѓаните.
На Шуто Оризари ѝ е потребно обединување, а не поделби. Бог да ни помогне, затоа што вака губат граѓаните.

Повеќе артикли
Ромските гласачи му дадоа шанса на ТИСА, но довербата останува кревка
Европејците што Европа ги игнорира
Ромските гласачи штотуку одржаа демократска мастер-клас во Унгарија. Сега Тиса мора да го испорача тоа за нив.