
Финансискиот извештај на партијата „Демократски Сили на Ромите“ покажува драстичен пораст на приходите и трошоците во последните три години. Во 2021 година, приходите биле околу 1,2 милиони денари, додека во 2023 година достигнале неверојатни 7,5 милиони денари (121 939,33 EUR). Иако ова може да изгледа како позитивен тренд, клучното прашање останува: Каде завршуваат овие средства?
Недостаток на детални извештаи – простор за злоупотреби
Една од најголемите критики што може да се упати кон оваа партија е недостатокот на транспарентни информации за трошењето. Финансискиот извештај прикажува само основни податоци за приходите и расходите, но не е наведено каде конкретно се потрошени парите. Дали овие средства одат за реални политички активности, или пак се користат за лични интереси на одредени поединци? Без детална отчетност, ваквата ситуација остава простор за сомнеж и можни злоупотреби.
Членовите плаќаат од свој џеб – зошто?
Дополнителен проблем што отвора прашања е фактот дека членовите на партијата се принудени да покриваат одредени трошоци од сопствениот џеб. Доколку партијата располага со милиони денари, зошто активистите и симпатизерите мора да ги финансираат транспортот ? Ова укажува на можен лош менаџмент на средствата или на тоа дека парите не се трошат наменски.
Постои ли контрола врз трошењето?
Политичките партии имаат законска обврска да поднесуваат финансиски извештаи до надлежните институции, но прашањето е дали овие извештаи навистина се проверуваат? Во Македонија, честопати се случува партиските финанси да бидат недоволно надгледувани, што им овозможува на одредени политички структури да манипулираат со парите без последици. Ако „Демократски Сили на Ромите“ сака да ја зачува својата репутација, треба јавно да ги објави сите детали за трошењето и да им овозможи на членовите да имаат увид во финансиите.
Без јасни и детални финансиски извештаи, оваа партија ризикува да ја загуби довербата на своите членови и јавноста. Доколку нема одговорност за тоа каде одат парите, тогаш ваквите финансиски трансакции само ја зајакнуваат перцепцијата за корупција и лошо управување. Време е за јасни одговори – каде се трошат парите на партијата и зошто членовите се приморани да ги покриваат трошоците од свој џеб?
Повеќе артикли
Ден на победата над фашизмот – 9 мај 2025 година-Ако не сте подготвени да реагирате кога фашизмот ќе затропа на вратата на Ромите, тогаш не сте против фашизмот.
Фондацијата „Ромите за Европа“ нуди решенија – партиите нека не шират отров, туку нека соработуваат со активистите
Одржан по 8 ми пат Десткиот ромски музички фестивал „Чхаворикано Суно 2025