mai 21, 2025

РОМА ЊУС МК

Не може секогаш да се согласуваме со нив, понекогаш мора да бидеме против.

Oдговори Министерството за социјална политика

Центарот за деца Роми нема да биде затворен, проектот ќе го спроведе “Иницијатива за развој и инклузија на заедниците” ИРИЗ. Но македонското здружение, Здружението на граѓани Заштита на правата на детето за социјалната услуга – дневен престој за деца во ризик-деца на улица бил одбиен.

Во продолжение следува одговорот на Министерството, испратен на барање на Roma News:

Почитувани,

Комисијата за обезбедување средства за социјални услуги од општините и другите даватели при Министерството за социјална политика, демографија и  млади врз основа на член 158 од Законот за социјална заштита (,,Службен весник на Република Северна Македонија”, бр.104/19, 146/19, 275/19, 302/20, 311/20, 163/21, 294/21, 99/21, 236/22 и 65/23) објави Јавен конкурс за  доделување средства на здруженија и приватни даватели на социјални услуги, за давање на социјални услуги број 10-8354/1 на ден 24.12.2024 на официјалната веб страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади како и во 2 дневните  весници Слободен Печат и Коха со краен рок за доставување на апликациите до 30.12.2024 година.

 На јавниот конкурс имаат право да аплицираат здруженија и приватни даватели на социјални услуги согласно условите пропишани во истиот.

На јавниот конкурс аплицираше и Здружението на граѓани Заштита на правата на детето за социјалната услуга – дневен престој за деца во ризик-деца на улица, но по спроведена постапка од страна на Комисијата за обезбедување средства за социјални услуги од општините и другите даватели е констатирано дека истите не ги исполнуваат условите пропишани во горенаведениот Јавен конкурс, за што Здружението е благовремено известено и информирано.

Воедно, информираме дека од страна на Комисијата за лиценцирање на даватели на социјални услуги при Министерството за социјална политика, демографија и млади до Одделението за социјално вклучување, доставено е мислење за неисполнетост на условите за вршење на работа од социјалната заштита-за услугата центар за дневен престој за деца во ризик и воедно дава мислење за одземање на дозволата за вршење на работа во социјалната заштита за обезбедување на именуваната услуга, врз основа на што е изготвено соодветно Решение и истото е доставено до Здружението согласно позитивните законски прописи.

На територијата на општина Шуто Оризари обезбедена е финансиска поддршка, односно доделени се средства за обезбедување на социјалната услуга Центар за дневен престој за деца во ризик на лиценцираниот давател на социјална услуга Здружение на граѓани за здравствена, социјална и образовна поддршка “Иницијатива за развој и инклузија на заедниците” Скопје, односно склучен е управен договор помеѓу горенаведеното здружение и МСПДМ.

Со почит,

Зорица Велкова